Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро изненадувачки може да го преземе тимот, тврдат медиумите во Шпанија.
Во моментов, тренерскиот пост на „кралевите“ е испразнет откако Зинедин Зидан изненадувачки реши да поднесе оставка само неколку дена по третиот последователен триумф во Лигата на шампионите.
Според последните информации, Јеро влегол во листата со кандидати, откако тимот во пракса видел дека неколку од опциите за нов тренер цврсто отпаѓаат, а меѓу нив се Јирген Клоп, Масимилиано Алегри, Маурисио Почетино, Јоаким Лев и Јулијан Нагелсман.
Јеро беше асистент на Анчелоти во Реал во сезоната 2014/15, а потоа беше и тренер на Овиедо.
Во моментов тој работи како спортски директор на шпанската фудбалска федерација, а во кариерата поминал 14 години во првиот тим на Реал и е жива легенда на „кралевите“.