Ливерпул е заинтересиран за репрезентативецот на Швајцарија Џердан Шакири, кој нема намера да остане во Стоук Сити откако испадна од Премиер лигата, пренесе „Гардијан“.

Клаузулата за откуп во договорот на халфот е 12,5 милиони евра, што не е особено висока и е целосно во можностите на тимот од „Енфилд“. Тие ќе имаат конкуренција за потписот на Шакири, откако за него интерес покажаа и од Саутемптон.

Менаџерот на „светците“, Марк Хјуз, го донесе Швајцарецот во Премиер Лигата пред три години од Интер.

Ливерпул сакаше да го привлече Шакири пред четири години, кога беше фудбалер во Баерн, но тогаш тој одлучи да заигра за „неразурите“ во Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 23:11