Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, даде свое видување за информациите за можниот трансфер на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

- Лесно е да се најде заедничко разбирање со најдобрите играчи во светот. Гриман спаѓа во нив. Ние би нашле заеднички јазик со него. Но, одлуката ја донесува тренерот. Не знам дали Антоан ќе игра за нас, но колку повеќе квалитетни играчи имаме, толку подобро, изјави Меси.

Самиот Французин претходно изјави дека се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Минатата сезона тој играше на 49 натпревари и постигна 29 гола со 15 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2018 11:32