Шампионот на Англија за сезоната 2015/16, Лестер Сити го привлече искусниот централен дефанзивец Џони Еванс од тимот на Вест Бромвич Албион. Триесет-годишниот репрезентативец на Северна Ирска потпиша 3-годишен договор со „лисиците“, а извештаите од Островот елат дека Вест Бромвич ќе добие околу 3 милиони фунти за неговите права. Еванс, кој има скоро 250 натпревари во Премиер Лигата, е производ на Академијата на Манчестер Јунајтед. Со „црвените ѓаволи“ тој освои три титули на Англија, два Лига Купови, еднаш светското клубско првенство и четири пати трофејот „Комјунити Шилд“. Еванс е второ ново засилување на Лестер ова лето по португалскиот дефанзивец Рикардо Переира.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 15:12