Фудбалскиот клуб Рома постигна договор со холандски Ајакс за трансферот на фудбалерот Џастин Клајверт, објавија италијанските медиуми.

Рома ќе му плати 18 милиони евра на Ајакс за неговиот трансфер, а 19-годишниот фудбалер ќе потпише петгодишен договор со италијанскиот клуб.

Клајверт имаше одлична сезона, при што одигра 44 натпревари на кои постигна 12 голови и девет асистенции.

За Џастин, кој инаку е син на легендарниот холандски фудбалер Патрик Клајверт, интерес пројавија повеќе големи европски клубови меѓу кои и Челзи и Манчестер јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2018 00:25