Напаѓачот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн изјави дека е среќен што го потпиша новиот договор со лондонскиот клуб Тотенхем.
24-годишниот Англичанец се обврза на соработка со „Спарс“ до 2024 година.
-Јас сум многу возбуден и горд на овој ден. Со нетрпение ја очекувам новата сезона. Драго ми е што успеавме да се вратиме во Лигата на шампионите. Ќе работам напорно и ќе продолжам да се подобрувам со клубот, потенцира Кејн.
Кејн е дел од Тотенхем уште од 2011 година. Минатата сезона на 48 натпревари постигна 41 гол.