Голманот Даниел Божиновски и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Работнички. Тој ја продолжи верноста кон клубот кој обезбеди учество во Лига Европа и следната сезона.

- Со овој потег, на најдобар можен начин е решено голманското прашање во тимот. Даниел Божиновски останува во Работнички уште две сезони, а има одлична конкуренција во младинскиот репрезентативец Ристо Јанков, кој исто така покажа дека е светла перспектива на клубот, и секогаш подготвен да одговори на задачата, соопштија од Работнички.

Претходно во текот на денешниот ден,нов едногодишен договор со „Романтичарите“ потпиша и одбранбениот фудбалер Деан Митрев.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 00:33