Францускиот прволигаш Олимпик Лион на својата официјална веб-страница објави дека играчот од средниот ред Набил Фекир ќе продолжи да настапува за тимот и во сезоната 2018/19.

Лион соопшти дека преговорите меѓу капитенот и раководството на англискиот премиерлигаш завршиле неуспешно.

Фекир е во Лион од 2013 година. Минатата сезона, 24-годишниот играч од средниот ред одигра 40 натпревари, постигна 23 гола.

Неговиот договор со клубот е до летото 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 15:36