Менаџерот на Манчестер Сити, Јозеп Гвардиола, изјави дека се лажни зборовите на поранешниот играч од средниот ред на англискиот тим Јаја Туре.
-Обвинувањата за расизам се лага, и Јаја го знае ова. Работевме заедно две години, но сега тој вели нешто што никогаш не ми го кажа лично, стои во изјавата за „Марка“ на шпанскиот фудбалски стручњак.
35-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска го обвини својот поранешниот ментор за расизам и истакна дека не бил првиот што зборувал за тоа.
За потсетување, Гвардиола е во Манчестер Сити од 2016 година. Туре го напушти тимот на крајот на сезоната 2017/18.