Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација Нејмар погодокот постигнат на вчерашниот контролен дуел со Австрија во Виена, му го посвети на поранешниот напаѓач на националниот тим Ромарио.
Поводот е 55-от гол за Нејмар во националниот тим по што се изедначи со Ромарио.
- Максималната почит кон тебе, идол, стои во посветата на Нејмар.
Повеќе голови од Нејмар и Ромарио за репрезентацијата на Бразил постигнаа само Роналдо (62) и Пеле (77).