Екипата на Ваљадолид го победи Спортинг Хихон со 2:1 и во реваншот од полуфиналето на плеј-офот за шпанската Примера одигран синоќа во Хихон и со две победи (3:1 на првиот меч) обезбеди борба за влез во елитата.
Последна пречка на патот кон првата лига на Ваљадолид ќе биде тимот на Нумансија која во полуфиналето беше подобра од Реал Сарагоса.