Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, призна дека неговата иднина во клубот зависи од тоа кој ќе биде новиот тренер.

Белгиецот исто така сака тимот да се засили за следната сезона и да биде конкурентен за трофејот.

- Мојата иднина зависи од тоа кој ќе стане тренер. Би сакал да го знам тоа. Но, сега сум фокусиран на Светското првенство. Ако има било какви новости, нови играчи, тренер, секогаш е подобро да се биде во тек со тоа. Сакам да видам играчи кои се способни да го подигнат нивото на Челзи следната сезона, изјави Азар.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2018 12:17