Шпанскиот репрезентативен голман Давид Де Геа објасни зошто не му аплаудирал на премиерот на земјата Педро Санчез при неговата посета на тренинг кампот на „црвената фурија“ пред пет дена.
Додека другите репрезентативци аплаудираа, голманот ги држеше рацете во џебовите, а при поздравувањето со Санчез ја сврти главата настрана.
- Со почит го прифатив неговото извинување. Единственото нешто што треба е јавно да се извини, смета Де Геа.
За потсетување, Санчез во 2016 година, кога беше предводник на социјалистите, рече дека е непријатно да се види во тимот Де Геа, кој во тоа време беше поврзан со секс скандал, како резултат на клевета.
Де Геа неправедно беше обвинет дека организирал оргии за соиграчите од Манчестер Јунајтед.