Фудбалерите на Работнички денеска ги почнаа летните подготовки за настап во квалификациите за Лигата на Европа и домашните предизвици во следната сезона. Тренерот Ѓоре Јовановски уште на стартот наметна жестоко темпо на работа.
- Не очекуваат големи предизвици, настап на европската сцена и треба соодветно да се подготвиме. Веднаш почнуваме со напорна работа“, вели шефот на стручниот штаб на „романтичарите“.
По претпладневните тренинзи, избраниците на Јовановски вечер од 19 часот ќе имаат уште еден тренинг.