Досегашниот фудбалер на Болоња, Симоне Верди е нов играч на Наполи. Двете страни потпишаа договор со важност на пет години.
26-годишниот Верди кариерата ја почна во Милан, а потоа настапуваше и за Торино, Емполи, Еибар и Карпи, пред да заигра за Болоња.
Има и пет настапи за националниот тим на Италија.