Екипата на Работнички го доведе петтото засилување во овој летен преоден рок. Се работи за францускиот интернационалец Жоел Бопесу, кој во изминатите шест месеци настапуваше за ФК Скопје.
Бопесу имаше забележителни настапи во македонското првенство изминатата полусезона.
- Потпишавме едногодишен договор со францускиот интернационалец Жоел Бопесу. Се работи за квалитетен фудбалер кој игра на левата бековска позиција и е веќе добро запознат со условите во македонскиот фудбал. Се надеваме дека ќе се вклопи успешно во нашиот тим, информира спортскиот директор Иван Поповски.
Работнички ќе ја претставува Македонија во квалификациите на Лига Европа.