Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман откри дека донел конечна одлука дали ќе оди во Барселона ова лето.

Како што е познато, францускиот репрезентативец е поврзуван со трансфер на „Камп Ноу“, а каталонците може да го купат за 100 милиони евра - клаузула, запишана во неговиот актуелен договор.

- Жал ми е, но не е време за тоа. Знам дека има многу очекувања кон мене, но нема да зборувам денес за својата иднина. Веќе донесов решение каде ќе играм, но сега не е вистинско време да го објавам, мистериозно сподели топ-стрелецот на „јорганџиите“.

Минатата сезона Антоан постигна 29 погодоци и 15 асистенции за Атлетико и му помогна на тимот да ја освои Лигата на Европа и второто место во Ла Лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 01:40