Екипата на Палермо за која настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски забележаа победа со 2:1 против Фросиноне, синоќа во првиот натпревар од бараж двомечот за влез во Серија А.
Палермо до победата дојде со пресврт откако гостите први поведоа уште во 5.минута преку Чиано.
Ла Гумина изедначи во 45.минута, а Теранова со автоголот во 81.минута му донесе предност на домашниот тим.
Реваншот во Фросиноне е закажан за в сабота (16 јуни) на теренот на Фросиноне.