Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, изјави дека луѓето можат да го критикуваат напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо колку што сакаат, но тој си ја знае својата работа.

- Можете да го критикувате Роналдо онолку колку што сакате. Тој оди на тренинг, потоа се враќа дома во неговото семејство, а потоа го елиминира ПСЖ од Лигата на шампионите. Тоа е неговиот вообичаен начин. Тоа е она што му носи среќа, изјави младиот талентиран француски фудбалер.

За потсетување, Реал и ПСЖ се сретнаа во осминафиналето на Лигата на шампионите во изминатата сезона. „Кралскиот“ клуб победи на двете средби (3:1, 2:1), а Роналдо постигна по еден гол на двете средби.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 11:06