Претседателот на Рома, Џејмс Палота откри важни информации за иднината на Алисон и белгискиот играч од средниот ред Раџа Наинголан.

Бизнисменот призна дека и двајцата ќе го напуштат клубот во летниот трансфер прозорец, споделувајќи ги имињата на нивните следни клубови.

Бразилецот Алисон ќе замине во европскиот шампион Реал Мадрид по Светското првенство во Русија. „Белиот балет“ ќе плати 78 милиони евра за правата на Алисон, кој одигра импресивна сезона за „џаларосите“.

Наинголан пак, ќе игра во Интер следната сезона. Белгиецот беше силно посакуван од „нероазурите“, кои ќе се обидат да изградат борбен тим за нивно враќање во Лигата на шампионите.

- Алисон чини премногу. Потребни се 78 милиони евра. Многу е близу до трансфер во Реал Мадрид. Наинголан? Тој ќе оди во Интер, изјави Палота за „АреаНаполи“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 16:05