Големата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман конечно ја објави одлуката за својата иднината. Во интервју за шпанска телевизија тој изјави дека нема да оди во Барселона и ќе остане во клубот во главниот град.
Тоа е уште една убава вест за клубот, откако тимот го организираше трансферот на Тома Лемар од Монако.
Следниот чекор ќе биде продолжувањето на договорот на Гризман. Тој ќе потпише до 2023 и ќе добие најголема плата во историјата на клубот. Се вели дека таа ќе биде околу 23 милиони евра. Двете страни се согласиле, но официјалното соопштение допрва треба да дојде.
Во последната кампања, Гризман постигна вкупно 29 гола во 49 натпревари на сите турнири. Во актуелниот негов договор има откупна клаузула во вредност од 200 милиони евра, но од 1 јули таа ќе стане 100 милиони.