Аргентинскиот стратег Марсело Биелса е новиот менаџер на Лидс Јунајтед, објави официјалниот сајт на клубот, кој моментно игра во Чемпионшип диизијата (второ ниво на англискиот фудбал). Биелса беше фаворит за менаџерскиот пост на Лидс и денеска официјално го презема тимот. Шеесет и две-годишниот Биелса е поранешен селектор на Аргентина и Чиле. На клупско ниво, тој водеше голем број тимови, вклучувајќи Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј и Лацио. Интересно, тој го напушти римскиот тим два дена откако беше назначен во јули 2016 година. Под негово водство, Атлетик Билбао стигна до финалето на Лигата на Европа и финалето на Кралскиот куп во Шпанија во 2012 година. Последниот тим кој го водел на ниво клуб е Лил во 2017 година. Трикратниот шампион на Англија Лидс заврши на 13-то место на табелата во Чемпионшип дивизијата во сезоната 2017/2018.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2018 13:15