Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски од денеска и официјално е нов фудбалер на хрватскиот клуб Хајдук Сплит.
Поранешниот репрезентативец изминативе две години играше за Славен Белупо, а минатата сезона постигна 15 голови.
Ивановски кариерата ја започна во Пелистер, а потоа премина во Македонија Ѓорче Петров. Следеше траснфер во Полска во екипата на Арка, потоа играше во Романија за Астра и Клуж. Потоа се пресели во Унгарија каде настапуваше Видеотон, а кратко играше во Буласпор во Турција. Потоа се пресели во Хрватска во Славен Белупо.
- Пресреќен сум што ќе го носам овој дрес и не можам да дочекам да почнам да играм и да се одолжам за укажаната доверба. Знам дека секогаш постојат големи очекувања во Хајдук, но и моите се такви, така што се надевам дека сите заедно ќе правиме добри работи следната сезона, изјави новиот напаѓач на „белите“ при потпишувањето на договорот, цитиран од сајтот на клубот.