Фудбалерите Ферхан Хасани и Ардијан Цуцули повеќе не се дел од актуелниот македонскиот шампион Шкендија.

Договорите на двајцата фудбалери завршија на 15 јуни, а по разговорите со раководството е одлучено да не биде продолжена соработката.

Тие како слободни играчи во наредниот период ќе бараат нови професионални ангажмани.

Шкендија и официјално им се заблагодари на Хасани и Цуцули за придонесот во тетовскиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 02:00