Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, се потсети на една епизода од неговата комуникација со светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо. Тие играа заедно во Манчестер, а во една прилика Евра добил покана за вечера од Роналдо.

- Ако Кристијано ве покани на вечера во неговата куќа, подобро да одбиете. Еднаш по тренингот ме покани. Се согласив. Кога отидов кај него на масата имаше само салата, морски плодови и вода. Немаше сок или месо. Мислев дека ќе донесе подоцна. Но, тоа не се случи. Роналдо заврши со јадењето и почнал да тренира со топката. Ме викна и мене. Но, реков дека сакам да завршам вечера. Потоа работевме со топката, па тој отиде во базенот. Затоа велам дека не треба да ја прифатите поканата на Роналдо за вечера. Тој е вистинска машина, размислува само за тренинзи, изјави Евра.

Капитенот на Португалија го одбележа досегашниот дел на Светското првенство во Русија постигнувајќи „хет-трик“ на дуелот со Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 12:40