Младиот украински голман Андриј Лунин ќе премине од Зарја Луганск во Реал Мадрид за сума од 9 милиони евра, пишуваат локалните медиуми, повикувајќи се на сопствени извори.

Лунин има 19 години, но веќе е прв избор на Андриј Шевченко во националниот тим на земјата. Во информацијата на весникот се вели уште дека правници на шпанскиот гигант и претставници на играчот и во моментов продолжуваат да работата на документација за неговиот трансфер, бидејќи Украина не е во Европската унија.

Очекувањата се зделката да биде прогласена на 21-ви јуни, кога Лунин ќе пристигне во Мадрид за да биде претставен како ново засилување на Реал. Во подоцнежна фаза, личните услови на младиот голман ќе станат јасни.

Силен интерес за голманот имаше и пд Интер, Јувентус, Наполи и Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 03:10