Фудбалерот за врска од Пари Сен Жермен, Хавиер Пасторе е близу до премин во Рома. Според италијанските медиуми, римскиот калчолигаш ќе плати 24 милиони евра за Аргентинецот.
Пасторе за ПСЖ има одиграно 269 натпревари, постигнато 45 гола и остварено 62 асистенции.
28-годишниот аргентински фудбалер веќе играше во Италија за Палермо од 2009 до 2011 година.