Раководството на Интер изрази желба да потпише договор со Вилијан Карваљо од Спортинг Лисабон.
Во финишот на измината сезона, во португалскиот клуб се случи „хаос“ предизвикан од навивачите кои ги нападнаа фудбалерите. Поголем дел од играчите најавија заминување од Лисабон, а во Интер се следи ситуацијата со договорот на Карваљо и е подготвен да му испрати понуда за трансфер.
Токму Карваљо е еден од фудбалерите кои иницираа прекин на договорите со Спортинг.
26-годишниот Португалец од 2011 година е во Спортинг, а две сезони одигра како позајмен играч во Серкл Бриж и во Фатима.