Македонскиот шампион Шкендија го промовираше младинскиот репрезентативец Омар Имери како третото засилување за следната сезона.
Имери во клубот од Тетово доаѓа од Шкупи, каде одигра 24 натпревари и даде три гола изминатата сезона.
Тој потпиша тригодишен договор со Шкендија.
Претходно македонскиот шампион се засили и со Костадин Чешмеџиев од Академија Пандев и Ремзифаик Селмани кој пристигна од унгарски Ујпешт.