Раководството на Барселона негира дека ќе добие компензација од 20 милиони евра од Антоан Гризман, откако Французинот не го испочитува постигнатиот договор со клубот и одлучи да остане во Атлетико Мадрид и да го обнови договорот со клубот.
- Лага е дека Барселона ќе добие паричен надоместок од Гризман. Барселона нема да добие ниту цент, бидејќи нема ништо потпишано со фудбалерот, , објаснија од клубот пред „Мундо Депортиво“.
Гризман го обнови својот договор со Атлетико Мадрид до летото 2023 година и сега клаузулата за ослободување веќе е во износ од 200 милиони евра.