Меѓу раководството на Реал Мадрид и Кристијано Роналдо продолжува да има сериозни финансиски разлики и двете страни не можат да постигнат договор за продолжување на соработката со португалскиот фудбалер.

Роналдо е категоричен во својата желба да добие плата од преку 30 милиони евра, но во исто време Реал Мадрид не е подготвен да му ја обезбеди.

Португалецот веќе е четврти по плата и заостанува зад својот голем ривал Лионел Меси, како и од Нејмар и Антоан Гризман.

Реал Мадрид нуди 25 милиони евра за португалскиот фудбалер, како и дополнителни бонуси, кои може да се зголемат до 32,5 милиони евра годишно. Напаѓачот сака да обезбеди чисти 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

До овој момент преговорите помеѓу генералниот директор на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез и агентот на фудбалерот - Жорже Мендеш не го даваат посакуваниот резултат. Тие се очекува да одржат нов состанок во наредните денови.

Во минатата кампањата, 33-годишниот стрелец доби 23 милиони евра за настапот во дресот на „белите“.

Иднината на Кристијано Роналдо е една од најкоментираните теми. Португалскиот напаѓач се однесуваше чудно по триумфот на „кралевите“ во Лигата на шампионите и тоа ги натера медиумите да шпекулираат за евентуален трансфер на Роналдо во ПСЖ или Манчестер Јунајтед.

Тековниот договор на Португалецот со Реал Мадрид е до летото 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 17:09