Фудбалерите на Вардар одиграа нерешено 1:1 на последниот контролен натпревар на подготовките во Словенија.
„Црвено-црните“ во Цеље против истоимениот тим, во првиот дел имаа негатива со гол во последните мигови од полувремето, во второто полувреме сликата на теренот се промени, па Вардар покрај израмнувачкиот прекрасен гол во 66. минута, имаше 2-3 убави шанси да го сврти резултатот, пред се по трите обида на Барсегјан, меѓутоа промена на резултатот немаше.
Домаќините поведоа со голот на Печник кој од 22-23 метри со силен удар ја погоди мрежата на Гачевски.
Конечниот резултат го постави Филип Најдовски во 66. минута.