Екипата на Работнички ремизираше (1:1) против словенечкиот прволигаш Домжале во шестиот пријателски натпревар во текот на летните подготовки.
На теренот на Домжале, тренерот Ѓоре Јовановски повторно им даде шанса на сите фудбалери, а гостите поведоа во 56. минута, со погодокот на Чарлс Гофри.
Во финишот, Домжале успеа да израмни од пенал преку Сенијад Ибричиќ.
- Работнички ги заокружува летните подготовки во Терме Чатеж и се враќа во Скопје, каде ќе се подготвува за првиот меч против Хонвед, во рамките на првото коло од квалификациите за Лигата на Европа, соопшти клубот од „Дебар маало“.