Шпанскиот шампион Барселона влегува во борбата за ангажман на фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, објавија италијанските медиуми.
Како што информира „Ла Република“ Барселона е сериозно заинтересирана за српскиот репрезентативец.
Исто така, голем интерес за Сергеј покажуваат Реал, Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Лацио го проценува на 150 милиони евра.
23-годишниот Србин минатата сезона одигра 48 натпревари за римскиот клуб и постигна 14 гола со девет асистенции.