Премиерлигашот Ливерпул на својата официјална веб-страница објави нов долгорочен договор со египетскиот напаѓач Мохамед Салах.

Условите на договорот не се прикажани, но според британскиот печат, договорот со 26-годишниот играч е со важност до 2023 година, а неговата плата пораснала од 100 на 200 илјади фунти неделно. Така египетскиот репрезентативец стана најплатен играчи на Ливерпул.

Салах во англискиот клуб пристигна во јуни 2017 година од Рома.

Играчот беше прогласен за најдобар играч во минатата сезона на шампионатот во Англија.

Тој на 52 натпревара за „црвените“ од Енфилд постигна 44 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 11:18