Францускиот фудбалер Нголо Канте би можел да премине од Челзи во Барселона, објавија шпанските медиуми.
Како што се наведува, директорот на каталонскито клуб, Ерик Абидал, сака да го донесе Канте за да го освежи средниот ред и да го ослободи од големата одговорност Серхио Бускетс, кој веќе не е игра на исто ниво како и пред неколку сезони.
Играчот од средниот ред ја потврди својата извонредна форма на Мундијалот настапувајќи за „триколорите“ кои изборија четвртфинале каде ќе се сретне со Уругвај.
Канте во Премиер лигата има титули со Лестер и Челзи.