За голманот на Рома и на бразилската репрезентација, Алисон Бекер, се почесто се слушаат гласини за негов трансфер, па затоа клубот од Рим разви стратегија во случај Бразилецот да одлучи да си замине.
По одличните одбрани на Бекер за него интерес пројавија Ливерпул, Реал Мадрид и Челзи, а Рома веќе тргна во потрага за евентуална негова замена.
За раководството на Рома најсериозен кандидат е 29-годишниот голман Јан Зомер поради добрата игра во Борусија Менхенгладбах и во репрезентацијата на Швајцарија.
Швајцарскиот гоман веќе има 75 настапи на европските натпреварувања со Борусија Менхенгладбах и со Базел.
Зомер би ја чинел Рома 30 милиони евра, а римскиот клуб би можел да си го дозволи овој трошок бидејќи ќе заработи повеќе со продажбата на Бекер.