Бразилскиот фудбалски репрезентативец и член на Челзи, Вилијан ја изрази својата желба да игра во Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“.
Напаѓачот има актуелен договор со Челзи до 2020 година, но клубот од Лондон е подготвен да го ослободи за 80 милиони евра, објавува весникот близок до каталонскиот клуб.
Бразилецот се наоѓа на Мундијалот во Русија, каде што со својата репрезентација се пласира во четвртфиналето каде ќе играат против Белгија.
Пред Челзи, Вилијан настапуваше за Коринтијанс, Шахтјор Доњецк и Анжи.
Ако му се исполни желбата да стане дел од Барселона, таму ќе биде во друштво на своите сонародниците од репрезентацијата Фелипе Кутињо и Паулињо.