Германскиот фудбалски сојуз нема да го прекине договорот со тренерот на германската репрезентација Јоаким Лев. Напротив, како што информира „Билд“, раководството на сојузот донесе одлука да ја продолжи соработката со Лев до 2022 година.

За потсетување, Лев е селектор на Германија од 2006 година. Пред четири години тој ги предводеше „панцерите“ до титулата светски шампион.

Меѓутоа, на Мундијалот што е во тек, Германците како актуелни светски прваци, не само што не ја одбранија титулата, туку не успеаја ниту да ја поминат групната фаза.

Оттаму се појавија и шпекулации за можна смена на селекторот, но тоа не се случи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 12:42