Фудбалскиот интернационалец од Гана, Квадво Асамоа е нов играч на Интер, објави клубот од Милано.

На Асамоа му истече договорот со Јувентус на крајот од јуни и како слободен агент пристигна на „Џузепе Меаца“.

Тој со „нероазурите“ потпиша договор за соработка до 2021 година.

За шест години во Торино, Асамоа освои исто толку титули во Серија А, четири трофеи од Купот на Италија, а беше дел од тимот кој загуби две финалиња во Лигата на шампионите.

За репрезентацијата на Гана има 69 настапи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 13:24