Легендарниот мексикански дефанзивец Рафаел Маркез стави крај на неговата репрезентативна кариера. Универзалниот играч запиша учество на петтото Светско првенство со тимот на „сомбрерата“. Тој е поранешен играч на Монако, Барселона и Верона, а со Каталонците ја освои и Лигата на шампионите. Маркез одигра вкупно 146 дуели во дресот на репрезентацијата на Мексико. Неговиот последен натпревар беше против Бразил при поразот од 2:0 во осминафиналето вчера. Тој официјално стана втор најстар играч кој се натпреварува на мундијалот со 39 години и 139 дена, и е само шест дена помлад од Стенли Метјуз, кој е на чело на листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 16:10