Раководството на Челзи отфрли понуда од 50 милиони фунти од Барселона за бразилскиот репрезентативец Вилијан, тврди „Скај спортс“. Сепак, преговорите помеѓу двата клуба и претставниците на играчите продолжуваат. Од „Камп Ноу“ почнале да работат на овој трансфер пред три месеци, пренесува „Скај“. Манчестер Јунајтед се уште пројавува интерес за него. Во минатата кампања, Вилијан забележа 55 учества во натпревари за Челзи на сите турнири, постигнувајќи 13 гола. Уште на крајот на сезоната, Бразилецот рече дека сигурно ќе замине ако Антонио Конте остане на чело на тимот. Тоа веројатно нема да се случи повеќе, но до трансфер сепак може да се стигне. Во Барса веќе играат двајца соиграчи на Вилијан во дресот на „селесао“ - Филипе Кутињо и Паулињо.