Манчестер Јунајтед официјално го привлече искусниот голман на Стоук, Ли Грант. 35-годишниот голман беше промовиран како ново засилување на „црвените ѓаволи“, откако потпиша договор со тимот за две години. Грант се очекува да биде третиот голман на тимот.
- Трансферот во Манчестер Јунајтед е остварување на сонот за мене. Тоа беше една можност која не можев да ја отфрлам. Возбуден сум дека веќе сум дел од овој голем клуб. Ќе го искористам своето искуство за да му помогнам на тимот што е можно повеќе и се надевам дека ќе освојувам трофеи со тимот, изјави среќниот Грант.
Во меѓувреме, Јунајтед го даде под наем својот трет голман, Сем Џонстон на Вест Бромвич Албион и практично Грант е негов заменик.
Ли Грант е дете на Ватфорд, а во неговата кариера играше и во Дерби Каунти, Барнли, Олдам, Шефилд и Стоук. Тој е поранешен младински репрезентативец на Англија.