Италијанскиот селектор Роберт Манчин, изјави дека не гледа подобар тим од Италија на Светското првенство во Русија, освен Бразил.

- Гледајќи го досегашните натпревари, освен Бразил не видов подобар тим од нашиот.

Тој е уверен дека неговите избраници ќе играат голема улога на Европското првенство 2020.

- Селектирав млади играчи, добри и желни за борба. Ќе се обидеме да се квалификуваме на ЕП, како и да изградиме тим кој ќе биде победнички. Дури тогаш ќе размислуваме за следното Светско првенство, изјави Манчини.

Италија по 60 години не успеа да се квалификува за Светското првенство, по што Џанпјеро Вентура доби отказ и подоцна на негово место е назначен поранешниот тренер на Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 18:19