Младиот шпански фудбалер Фабијан Руиз Пења ќе се пресели од Бетис во Наполи. Според информациите кои пристигнуваат од Неапол, Бетис за овој трансфер ќе инкасира 30 милиони евра.
За потпис на петгодишен договор 22-годишниот Руиз ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.
Руиз пристигна денеска во Неапол на медицински прегледи откако италијанскиот клуб ја активираше клаузула за откуп за него. Тој е дете на Бетис, дебитираше за првиот тим во 2014 година, а минатата сезона играше 35 натпревари и постигна три гола.
Има играно и во Елче каде беше на позајмица.