Оскар Рамирез ќе биде разрешен од селекторската функција во костариканската фудбалска репрезентација поради елиминацијата уште во групната фаза на Мундијалот во Русија, потврди претседателот на Фудбалската асоцијација на таа земја, Родолфо Виљалобос.
- На Рамирез нема да му биде понуден нов договор. По натпреварот со Швајцарија сите во федерацијата со согласивме дека треба да започнеме нов циклус. Гарантирам дека Костарика ќе биде во Катар 2022 година, изјави Виљалобос на прес-конференција.
Костарика во Е-групата на СП забележа два пораза, од Србија (1:0) и Бразил (2:0) и одигра нерешено со Швајцарија (2:2).