Македонските претставници во Лига Европа, Вардар и Работнички утре (6 јули) со почеток во 17:30 часот, ќе одиграат пријателски дуел. Мечот ќе биде последен „тест“ за двете екипи пред натпреварите на евро-сцената.
Дуелот ќе се игра на теренот на АМС во населбата Аеродром во Скопје, веднаш до СЦ „Јане Сандански“.
Противник на Вардар во првото квалификациско коло од ЛЕ ќе биде Пјуник од Ерменија,додека Работнички ќе се сретне со Хонвед од Унгарија.
Работнички првиот натпревар со унгарскиот тим ќе го игра на 11 јули во Скопје, додека Вардар ќе гостува во Ереван на 12 јули.