Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска објави дека на тимовите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, претстојната сезона ќе им биде дозволено да извршат четвртата замена во случај на продолженија.

Пред УЕФА, ваква одлука донесе ФИФА за Светското првенство во Русија, што се покажа како добар потег.

Правилото останува три измени за 90 минути, а потоа, ако победникот не е познат, уште една во дополнителното време.

Оваа одлука на УЕФА стапува веднаш.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 14:29