Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Кристијано Роналдо подобри услови во договорот за да го задржи во клубот, пишува шкотскиот весник „Дејли Рекорд“.

Претходно светски медиуми објавија дека 33-годишниот португалски ас се согласил да премине во Јувентус.

Според весникот, клубот ќе му понуди на Роналдо годишна плата од 30 милиони евра годишно, сума колку што тој претходно ја побара. Тоа е девет милиони евра повеќе отколку што сега заработува најдобриот светски фудбалер.

За споредба, Лионел Меси во Барселона добива околу 40 милиони евра.

Останува дали ќе се случи пресврт со фудбалската иднина на Роналдо за која изминатите два се шпекулираше дека таа со сигурност е поврзана со Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 14:34