Ливерпул може да го привлече аргентинскиот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала, пренесе „Тутомеркато“. Таквата можност се разгледува во случај на привлекување на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо во редовите на „Старата дама“.

Роналдо се очекува да биде објавен како нов додаток на Јувентус утре. Но, претходно од Реал Мадрид го повикаа тој јавно и недвосмислено да ја објави неговата желба да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Така, претседателот Флорентино Перез сака да ги избегне обвинувањата од навивачите дека му дозволил на Роналдо да замине.

Во случај трансферот да се случи, тогаш Дибала ќе го изгуби местото за сметка на Роналдо. Јувентус е подготвен да се раздели и со Дибала и со неговиот сонародник, Гонзало Игуаин.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 15:30